27 Април, 2024
0.0399

ВМРО-ДПМНЕ негира дека дале концесија за голем рудник на злато на Кожув

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ негира дека е издадена концесија за експлоатација на голем рудник со злато на Кожув, туку дека засега се водат само истражувања.


– Владата на Република Македонија нема издадено никаква концесија за експлоатација на Кожув. Не постои, ниту се планира рудник за злато на оваа локација. Единствено е издадена концесија за детални геолошки истражувања за алувијално површинско злато, која сама по себе не предвидува ни приближно ископи од ваков или сличен карактер, како што грубо се лаже во ова пропагандно видео во кое се употребени снимки од Бразил, Папуа Нова Гвинеја и Казакстан, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека геолошките испитувања за кои има дозвола концесионерот на Кожув се научен труд, се изведуваат површински, не предвидуваат никаква сеча на дрва или употреба на било какви хемиски методи, како и дека не се создава прашина, ниту пак има јаловина.

– Во ваквите површински истражувања не се употребува никаков експлозив, како што е претставено во овој видео клип кој што можете да го видите. На Кожув нема ниту едно исечено дрво. Граѓаните на Гевгелија треба да бидат спокојни и да не дозволуваат да бидат манипулирани со вакви лажни вести, какви што сме навикнати да гледаме од опозицијата и нивните медиумски експоненти, истакна Делев.

Овие манипулации и лаги, потенцира тој, ги шири интернет пропагандата на СДСМ и Сорос.

Сепак, праксата во Македонија вели дека компанијата која ќе добие концесија за истражување ако наиде на рудни богатства потоа може да побара и концесија за експлоатирање. Површинските ископувања за злато се едни од најштетните за животната средина во зависност од хемикалиите кои се користат за вадење на рудата. 

Се претпоставува дека во наоѓалиштето „Главен коп“ има околу 2 грама злато на тон руда, а дека има непрекинат површински коп од 19 метри. Мапираната област опфаќа 29, 97 квадратни километри, а концесијата за истражување на оваа област трае до 4-ти јули 2017-та година. Наоѓалиштето се наоѓа на планината Кожув, јужна Македонија, за кој е познато дека содржи руди на злато, талиум и антимон.

Наоѓалиштето на златна руда, арсен и антимон Коњско се наоѓа на 20 километри оддалеченост од рудникот Алшар и досега не било истражувано.

Истражувања ги води компанијата Резервоар Минералс која е дел од канадски рударски конзорциум. Македонија води поволна политика за странски компании кои експлоатираат руда со концесија која се движи до 2% од вредноста на ископаните богатства.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“