ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ја прифаќа Тиранската платформа само за да ја зграпчи власта
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017
Уште едно партиско соопштение на партијата на екс премиерот во кое бараат опозицијата да ја отфрли албанската платформа.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека „Тиранската Платформа која ја прифати СДСМ во себе содржи неуставни елементи, чие реализирање ќе го поткопа уставниот поредок и целосно ќе ја редефинира Република Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ понуди решение за излез од политичката криза односно патоказ кој велат дека е добра основа за постигнување консензус околу излез од кризата.