02 Мај, 2024
0.0250

ВМРО-ДПМНЕ: Во новата Влада нема ниту еден министер за странски инвестиции

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ во денешниот коментар од најголемата опозициска партија ја искритикува новата Влада дека во својот нов состав нема ниту еден министер за привлекување старнски инвестиции, кои во моментов се одлеваат од земјата поради корона-кризата.

Ваквата реакција следува откако Народна банка објави дека странските директни инвестиции се во минус во вториот квартал годинава, и наместо да има прилив, регистриран е дури одлив на капитал од земјава во месеците април, мај и јуни.

„Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции.

Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните.

Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нова инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, гласи во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста.

„За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот.

Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции.

Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %“, се додава во соопштението.

Од таму заклучуваат дека Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места.

„Заев покажува невиден аматеризам и ја става иднината на државата во раце на луѓе кои немаат план и не знаат како.

Македонија како последица на лошите политики е симната на листата на Дуинг бизнис, каде своевремено беше на високото 10 место, а сега е на 17 место, со ваква влада уште ќе паѓа, а бројот на компании кои би се решиле да дојдат во Македонија се повеќе ќе се намалува“. коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?