28 Април, 2024
0.0269

Во „Аџибадем Систина“ успешно направени првите две кардиохируршки операции покриени од ФЗОМ кај деца помали од една година

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се извршени две кардиохируршки интервенции кај деца во Одделот за детска кардиохирургија, предводен од единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава Владимир Чадиковски. Двете операции се покриени од државниот Фонд за здравствено осигурување, а во болницата која е регионален лидер беа извршени со поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на  „Аџибадем“ од Истанбул.


Двете деца кои се оперирани се деца под една година, односно бебиња на девет и 11 месеци. Кај нив биле дијагностицирани сериозни вродени кардиолошки аномалии, односно едното било со дијагноза вентрикуларен септален дефект и изразена пулмонална хипертензија, додека другото е со суправалвуларна аортна стеноза. Операциите траеја од 4 до пет часа, но децата десет дена по оперативниот зафат се пуштени на домашно лекување.

Д-р Чадиковски вели дека децата се постоперативно добро и им посакува побрзо да се вратат во нормална секојдневна динамика на животот.

Операциите се изведени под надзор на професор д-р Тајар Сариоглу од „Аџибадем“ од Истанбул, кој се смета за основополжник на детската кардиохирургија во Турција.

„Аџибадем Систина“ со овој тип интервенции кај деца, кои од неодамна се покриени и од државниот фонд, докажува дека е од рангот на светските клинички болници во кои се изведуваат сериозни кардиохируршки интервенции кај деца.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг