05 Мај, 2024
0.0254

Во Дубровник двојно поевтино од лани, но туристи нема

Објавено во: Економија, Балкан, Корона Вирус 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во хрватскиот град Дубровник цените се намалени и до 60 отсто, но туристи нема. 

Системот за пријавување и одјавување гости  eVisitor, покажува дека на 5 јули годинава во Дубровник имало 2.145 гости, што е само 13 проценти од бројот на гости кои престојувале во градот истиот ден лани, кога се реализирале 24.824 ноќевања.

Туристичката заедница во Дубровник наведува дека во хотелското сместување во градот сега има најголем број гости од Германија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а во приватното сместување најбројни се Германците, Французите и Полјаците.

На подобра ситуација на почетокот на сезоната се надевале и угостителите во Дубровник, објави порталот „Индекс“.

Хрватска ги заостри мерките откако почна да расте бројот на заразени. 

Задолжително носење заштитни маски во продавница, во јавниот превоз и во медицински установи – ова се дел од новите построги мерки кои ги најави хрватскиот Кризен штаб, а кои почнуваат од денеска.

Вработените во кафетериите и рестораните ќе мора постојано да бидат со заштитни маски, а повеќе правила има и во врска со организирањето настани со повеќе од 100 учесници. 

Забрането е ракување и прегрнување.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра