Во два напади убиени 40 луѓе - загинаа жени и деца
Објавено во: Свет 29 Април, 2018
Во два напади во регионот Менака, во Мали, убиени се 40 Туарези, изјави гувернерот на Менака, Дауда Маига.
Тој вели дека нападите се случиле во четвртокот и петокот, во пустинските села Авакаш и Андеранбукан на северот од земјата.
Меѓу жртвите има млади момчиња, но и жени и деца.
Се верува дека нападот го извршиле џихадистите.