ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СЕ ШТЕДЕЛЕ 71,5 МИЛИОНИ ЕВРА - од Фондот за осигурување депозити ќе ги исплатат сите што имале до 30 илјади евра
Објавено во: Финансии 12 Август, 2020
Фондот за осигурување депозити е во одлична кондиција, располагаме со доволно средства и ќе направиме напор да ги исплатиме депозитите на граѓаните уште пред законскиот рок, рече директорот за Фондот за осигурување на депозити, Борче Хаџиев.
На 31 јули 2020 година вкупниот износ на депозитите на физичките лица кои штедат во Еуростандард банка изнесува 4,4 милијарди денари или 71,5 милиони евра.
Нашиот тим е подготвен и очекува непречена исплата на осигураните депозити.
На 31 јули имало 136.619 депоненти на банката.
Според податоците, 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат во целост.
Фондот обезбедува штедни влогови до 30 илјади евра, така што оние што имаат поголема од оваа сума нема да бидат обесштетени во целост.
Бежовска рече дека се надева дека стечајниот управник ќе води сметка за оние граѓани што имаат кредити кон банката.
Во банката се вработени 170 лица.
Н.Н.Ф.