30 Април, 2024
0.0250

Во која државна фирма просечната бруто плата е 735 евра?

Објавено во: Економија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие чија основна дејност е закуп на државен деловен простор лани од ренти собрало 933.000 евра, а вкупните приходи се 1,4 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за 66 вработени кои лани изнесуваат 645.000 евра, а просечната месечна бруто исплатена плата е 735 евра

Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор, е целосно државна компанија, чија единствена и основна дејност е да изнамјува т.е. дава под закуп сопствен и државен деловен простор. Од рентата лани, според извештајот на независната финансиска ревизија ова друштво лани остварило добивка од 131.000 евра.

Ова државно јавно претпријатие лани за бруто плати на своите 66 вработени издвоило 583.000 евра, уште 33.000 евра за други законски утврдени трошоци и за регрес на годишен одмор 31.000 евра. Вкупно за трошоци за своите вработени ова јавно претпријатие лани издвоило 645.000 евра и тоа е убедливо најголема ставка во расходите на друштвото.

Просечната плата за вработен во ова друштво лани изнесува 735 евра. Кога ќе се одбијат трошоците за пензиско и здравствено осигурување и другите давачки за вработување просечната нето плата во друштвото лани изнесувала околу 530 евра, што е значајно повеќе од државниот просек за лани.

Како работело ова друштво лани?

Вкупните приходи за 2019 година изнесуваат 1,4 милиони евра и во нив најголемо учество имаат приходите од закупнини со 933.000 евра што е за 17 отсто подобар резултат од 2018 година. Останатите деловни приходи на друштвото лани генерирале 476.000 евра и тоа е за 18.000 евра подобар резултат од 2018 година.

На страната на трошоци по расходите за вработени второ најголемо учество имаат трошоците за амортизација и депрецијација кои лани изнесувале 425.000 евра што е речиси идентично со 2018 година.

Добивката на друштвото лани пораснала за 4,6 пати во однос на 2018 година и тоа е благодарение на зголемените приходи. Јавното претпријатие за деловен простор лани на Владата и исплатило 28.000 евра дивиденда за работењето во 2018 година. 


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи