ВО МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ПОЛОШИ БАНКИ ОД ЕУРОСТАНДАРД - Трифун Костовски тврди дека НБМ не ги употреби сите алатки за да ја спаси
Објавено во: Финансии 05 Септември, 2020
Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, во интервју за Телма вели дека примарна цел на НБМ била банката да се затвори, иако ни тој не се иззема од одговорност.
Бизнисменот нагласи дека во земјава има многу полоши банки од Еуростандард.
„Од нејзините изјави се потврди дека стечајот на Еуростандард банка бил нејзина примарна цел. Со ова не сакам ниту себе да се аболирам, нити нејзе да ја амнестирам.
Неупотребувајќи ги сите алатки како Народна банка, па дури и на крајот на краиштата воведивање на админстративна управа, говори за фактот дека тоа е направено со цел банката да се уништи.
Можеби во сето ова внесувам нешто лично, но верувајте ми дека во Македонија имало многу полоши банки од Еуростандард бнката“, рече Трифун Костовски во интервјуто за Телма.
Костовски рече дека акционерите со години не зеле ни денар дивиденда.