Во Македонија се одржуваат шестите по ред локални избори
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017
Во Македонија денеска се одржуваат шестите локални избори по независноста на државата.
Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 гласачи.
Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот.
Изборите според Државната изборна комисија, ќе ги следат 5011 домашни и 373 странски набљудувачи. Акредитации се издадени и на 294 преведувачи и шест странски новинари.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Втор круг ќе се одржи во општините каде ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, а се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.