ВО ПЕТОКОТ СИЛНО „ТРЕСЕЛЕ“ АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - истргувани близу 500 илјади евра за еден ден, еве колку достигна просечната цена
Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2024
Акцијата на Комерцијална банка која и онака растеше на Македонската берза, по најновите информации дека ќе се дели историски највисока дивиденда, продолжува да достигнува нови височини.
На редовното тргување во петокот цената на акцијата на нашата најголема банка се доближи до близу 17 илјади денари за акција или прецизно, достгна просечна цена од 16.950 денари за акција.
Во петокот голем број инвеститори нагрнале на купување на акцијата на банката, или била истргувана количина од 1.719 акции.
Или, со акциите на Комерцијална банка се свртела сума на Берзата на редовното тргување само во петокот од 474 илјади евра.
Н.Н.Ф.