06 Декември, 2025
0.0320

БИЗНИСМЕНОТ ФАТМИР ЕТЕМИ КУПИ УШТЕ 500 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - за нив плати околу 133 илјади евра

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2024 09:57

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот членови на раководните органи на Комерцијална банка да купуваат акции на нашата најголема банка, и најуспешна банка за минатата година, а која тукушто објави дека ќе дели дивиденда од 910 денари по акција на бруто износ за своите акционери. 

Откако акции купија членовите на Управниот одбор и директори во банката, Илија Илоски и Билјана Максимовска, а неодамна дека купил акции банката објави и членот на Надзорниот одбор Горан Антевски, најновата информација е дека акции купил и членот на Надзорниот одбор, Фатмир Етеми, сопственик на градежната компанија ЗЗФ, кој и претходно има солидна количина акции во Комерцијална банка, а која сепак не надминува 5 проценти од вкупниот акционерски капитал на банката. 

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Фатмир Етеми, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во известувањето од Комерцијална банка.

Инаку, на берзата пред неколку дена пристигна информација дека поминала блок тгрансакција од 500 акциои, и се претпоставува дека тие се на оние кои ги купил Етеми. Тие беа купени по цена од 16.400 денари, што значи дека овој градежен бизнисмен за нив платил вкупна сума од над 133 илјади евра. 

Претходно акции купија Горан Антевски, Илија Илоски и Билјана Максимовска. 

Фактор објави дека Комерцијална банка за минатата година ќе дели дивиденда од 910 денари по акција бруто.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?