02 Мај, 2024
0.0236

Во САД има повеќе Ирци отколку што има во Ирска, каде се стационирани другите нации?

Објавено во: Анализа 27 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

На Балканот за жал низ годиниве бевме сведоци на многу војни по етничка линија. До ден денеска не оптеретуваат таквите прашања кои не кочат да се развиваме на многу други полиња. Можеби една од главните причини за успехот на САД е тоа што во таа држава скоро никој не е американец, освен предците на староседелците. Државата станала успешна и денеска сите со гордост се нарекуваат американци, но никој не го крие нивното потекло. Според некои информации таму живеат 100.000 државјани со македонското етничко потекло, претежно стационирани во Детроит и Њу Џерси. Сепак во таа земја живеат големи заедници од други народи. Погледнете те ја етничката мапа на САД и бројката на луѓе кои води потекло од други нации.

Во САД живеат скоро 50 милиони американци кои водат потекло од Германија. Стационирани претежно во северниот дел на земјата и како што гледате во одредени сојузни држави сочинуваат најмалку 30 проценти од населението.

Ирска има седум милиони жители. Во САД живеат скоро 36 милиони Ирци, секако добар дел од нив дојдени и пред 100 години. Бостон и Њу Јорк се местата каде ги има најмногу, како што врочем може да видиме во секој филм.

Голема популација од 32 милиони Мексиканци има во САД. Јасно најмногу ги има има во државите кои граничат со Мексико. Таму сочинуваат најмалку 5 проценти од популацијата, но ги има во голем број федерални држави низ целиот запад.

19 милиони луѓе, претежно стационирани на истокот се декларираат како Американци. Не познато дали водат потекло од староседелци или ја одбрале САД како нивна нација и покрај тоа што не потекнуваат од таа земја.

Скоро 18 милиони Италијанци. И тие како и Ирците стацинирани во крајниот северо исток на земјата. Њу Јорк, Бостон, Филаделфија.

Голема бројка на Норвежани. Земјата има пет милини жители, а повеќе од 4,5 милиони ги има само во САД. Граѓани на САД секако.

Редакција Фактор