ВО СЕНКА НА КРВОПРОЛЕВАЊАТА ВО ЛОНДОН: Почнуваат преговорите за излез на Британија од ЕУ!
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2017
И покрај новиот терористички напад во Лондон во кој загинало најмалку едно лице, Велика Британија и ЕУ денес ги почнуваат преговорите за Брегзит.
Велика Британија и Европската унија денес во Брисел официјално почнуваат преговори за излез на таа земја од членството на Унијата (Брегзит) со состанок на британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис и преговарачот на ЕУ Мишел Барни.
Првата етапа од преговорите, кои по планот треба да се завршат до есента 2018 година треба да се однесуваат на постигнување договор за три прашања-судбината на европските државјани во Британија после Брегзит и Британци во ЕУ, за границата со Ирска и финансиите, односно износот на финансиски обврзници на Лондон кон ЕУ.
Втората фаза на преговори ќе се однесува на идни трговски врски помеѓу Британија и ЕУ, а конечен договор за тоа се предвидува помеѓу декември 2017 и пролетта 2018.
Положбата и преговарачките позиции на Британија се значајно ослабени со неуспехот на премиерката Тереза Меј да освои мнозинство во парламентот на изборите на 8 јуни.