28 Април, 2024
0.0289

Во Врање има „инвазија“ на Македонци за викенди, но еве што пропуштаат...

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Стотици македонски граѓани секој викенд одат на шопинг во Врање во соседна Србија. Како што пишуваа српските медиуми „инвазија“ на Македонци има во овој град. На улиците се слуша македонски јазик од големиот наплив на туристи. Оваа дестинација е блиску и е достапна за македонскиот џеб.

Еднодневно патување од Скопје до Врање преку туристичка агенција чини 500 денари. Доколку патувате со редовните автобуски линии, повратен билет на релација Куманово – Врање чини 660 денари, а Скопје – Врање е 960 денари. Сепак, српските граѓани велат дека Македонците обично шетаат низ градот, посетуваат ресторани, кафулиња, но има многу места и природни убавини кои ги одминуваат.  Драган Антиќ, професор по географија кој со ентузијазам ја уредува страницата Туристички потенцијали на Врање на социјалните мрежи, објаснува дека мал е бројот на оние кои се заинтересирани да ги видат природните убавини на градот.

„Мислам дека доаѓаат баш поради кафеаните и Лидл. Малку се оние кои ги интересира природата или културно – историските знаменитости. За жал така е. Нешто е до структурата на луѓето, но и до локалната самоуправа која не умее да понуди содржина, да промовира и да ги информира посетителите на градот. За викенд градот е полн со Македонци. Повеќе се слуша македонскиот од српскиот јазик. Треба да го посетат Бели мост- мостот на љубовта, Крстата џамија, манастир Свети Никола. Крстата џамија била црква па џамија, па повторно црква. Се нарекува крстата затоа што Турците морале да стават крст за да не им се руши. Треба да се посети Казанѓол, кањон кој Национална географија го смести на 7-то место меѓу најубавите во Србија. Тоа е на само половина час одење од градот по долината на Врањската река. Треба да се види Марково кале, тврдина. Низ Врање поминуваат многу туристи кои транзитираат од Европа“, вели професорот Антиќ.

Туристите ја одминуваат и родната куќа на писателот Бора Станковиќ.  Инаку, од скопската туристичка агенција „Бисер пром“ велат дека секоја сабота имаат тури до Врање, а особено голем интерес имаат за време на празниците и продолжените викенди. Објаснуваат дека во еден правец се патува два часа, цените се пристапни, а за граѓаните олеснителна околност е тоа што во Србија се патува само со лична карта. Додаваат дека до крајот на мај овие тури функционираат со полна пареа, потоа почнуваат летните одмори и повторно од септември се враќаат македонските гости во Врање. 

Сања Атанасовска

фото Википедија/Чигот

Можеби ќе ве интересира

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно