27 Април, 2024
0.0327

ВОЛОНТИРААТ СО ГОДИНИ: Дали волонтирањето е чекор до вработување?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Многу млади во Македонија волонтираат во невладини организации или во државни институции со  цел да си го олеснат патот до вработувањето.

На ваков начин ги подобруваат своите вештини, знаења, стекнуваат контакти, работат со луѓе. Младата Марија Јовановска од Куманово волонтирала во повеќе оргaнизации, при што најголем дел од времето го поминала во општинската организација на Црвен Крст од Куманово. Раскажува дека во текот на тие 8 години имала шанса да  научи многу работи кои ќе ѝ користат понатаму во животот.

„Кога  зборуваме за волонтирање веднаш мислиме на работа за која нема паричен надоместок. И да, можеби нема никакво парично надоместување, но со волонтирање се стекнуваат многу знаења , искуства, вештини. Се сретнуваш со секакви ситуации , предизвици,  запознаваш многу различни карактери, ставови,  мислења, ја изразуваш својата креативност на свој начин.  Можам да истакнам дека покрај формалното образование многу значајно е и неформалното образование за еден млад човек во денешно време, време во кое младите многу тешко можат да се стекнат со одредено искуство,  а со тоа и полесно стапување во работен однос“ – вели Јовановска.

Млада девојка од внатрешноста на Македонија волонтирала во државна институција година и пол, но бидејќи не ѝ се пружила можност за вработување се откажала.  Раскажува дека многу луѓе волонтираат со години во државните институции, но не секој на крај добива работа.

„Надоместот кој го земав беше околу 4.500 денари месечно. Колешка која требаше да оди во пензија продолжи со работа и јас се откажав. Не е напорно да се волонтира, напротив учиш многу работи внатре кога си во институцијата.  Посебно се учи односот со странки. Странки има секакви, насилни, учтиви, вулгарни.  Се работи  по 8 часа дневно.  Добро е волонтерството,  но се зависи дали колегите ќе те прифатат како волонтер,  затоа што и тие се плашат од конкуренција“ – раскажува оваа девојка.

Филип Младеновски од  Кратово кој  има 17 години и учи во средно  угостителско училиште, волонтира во неговата струка  во родниот град за да стекне пракса.

„Волонторам веќе 3 години цела година, а преку лето поинтензивно.  Волонтирам за да стекнам искуство и полесно да дојдам до посакуваната работа“ – вели Младеновски.

Мерита Мустафи,  програм менаџер за образование и култура на млади Роми  во АДРР СОНЦЕ - Тетово  вели дека во денешно време секоја волонтерска работа е добивка за волонтерот. Според неа, денес за да нешто се заврши мора да се поседува искуство.

„Искуството  не доаѓа само со теорија туку  и со пракса. Јас лично почнав со волонтирање затоа што сакав да помогнам,  а сакајќи да помогнам јас впрочем научив навистина како да постапувам со целната група. Додека волонтираат луѓето може да научат да се прилагодуваат на работното место во кое што се наоѓаат, на потребите кои што произлегуваат и секако да ја предвидат динамиката на работа.  Јас научив да комуницирам со целната група.  Во текот на моето волонтирање си воспоставив цели и водев евиденција на постигнатото . Денес можам да кажам дека волонтирањето навистина ми помогна да бидам поуспешна во мојата работа“ – кажа Мустафи.

Многу студенти и средношколци  преку невладините заминуваат да волонтираат и во странство за период од неколку месеци или година дена, каде имаат шанса да научат нешто повеќе за друга култура, традиција, да усовршат познавање на странски јазик, а со тоа и да ја збогатат својата професионална биографија.

Сања Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот