12 Мај, 2024
0.0269

Вонредно метео од Славчо Попоски: Подгответе се за уште поголеми временски непогоди и поплави од оние во Делчево

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски вели дека ќе имаме поголеми поплави од оние кои се случија во Делчево. 

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на големата влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови големи поројни поплави. Апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи“, вели Попоски.

Во Скопје  и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на невреме.

Температурите во почетокот на следната седмица ќе бидат во пад, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

За првиот изразен Африкански топлотен бран и понатаму ќе се изначекаме, и треба да се навикнеме на честите големи временски непогоди, како што беше случајот во Делчево, дури временските непогоди ќе бидат уште поголеми од оние кои се случија во Делчево, каде штетите од невремето се огромни.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа