ВОЗАЧИ ВНИМАТЕЛНИ: Влажни коловози, внимавајте на овие патни правци
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2018
Дожд со повремени снежни врнежи денес треба да се очекуваат во некои делови од земјата, па токму тоа е причина за возачите кои ќе патуваат да бидат внимателни бидејќи коловозите се влажни.
Од АМСМ соопштуваат за намалена видливост кај Плетвар и во Неготино до 100 метри и појава на магла.
Засега интензитетот на граничните премини е умерен а поголем сообраќај се очекува попладнево кога се очекува враќање на граѓаните од зимување или продолжен викенд.
Засега нема подолги задржувања за влез и за излез од државата а ако сепак треба да тргнете на пат, прилагодете ја брзината и не брзајте.