(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) МОМЕНТ ОД НАПАДОТ ВРЗ РУСКИОТ АМБАСАДОР: Напаѓачот ликвидиран, Карлов им подлегна на повредите во болница!
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2016
Рускиот амбасадор Андреј Карлов им подлегнал на повредите бидејќи терористот му пукал неколку пати во грб. Нападот е извршен момент откако амбасадорот го завршил говорот отворајќи ја изложбата „Русија во очите на Турција“.
Според првите информации, човекот кој пукал врз амбасадорот на Русија во Турција бил зад него, но засега не е потврдено дали се работи за припадник на обезбедувањето или човек кој се инфилтрирал меѓу телохранителите на амбасадорот Андреј Карлов.
Карлов починал во болница, после нападот од огнено оружје .
Терористот извикувал „Ова е за невино убиените жртви“ после што зад грб го застрелал амбасадорот.
Испукал осум куршуми извикувајќи Алах Акбар. Напаѓачот е ликвидиран.