Вработените од Фени почнуваат протести
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2017
Вработените од кавадаречкиот комбинат Фeни од утре ќе протестираат пред филијалите на трите банки доверители во центарот на Кавадарци.
Од Синдикатот на
ФЕНИ за Телма велат дека протестот, кој ќе почне во 10 часот и ќе продолжи и во
наредните денови, ќе се одржи поради покренатата претстечајна постапка за
комбинатот минатата недела, за што на 13 месецов е закажано рочиште во Судот во
Велес, кога ќе се знае дали фабриката заминува во стечај или е најдено решение за
спас. Засега е неизвесно дали некој и кој инвеститор понудил план за рестартирање
најсериозна понуда за купување на комбинатот.