Врховниот суд ќе одржи јавна седница за „Монструм“ со видео линк
Објавено во: Македонија 12 Април, 2017
Врховниот суд е свесен дека кај јавноста постои голем интерес за случајот „Монструм“ и затоа размислува да одржи јавна седница која би требало да биде пренесувана и со видео линк.
„Добар дел од тоа време го употреби Јавното обвинителство на Република Македонија за да даде мислење.Независно од тоа,сепак,е долго време кај нас предметот“, изјави за Макфакс, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Тој вели дека терминот не е прецизиран,но начелно ќе биде во првата половина на мај. Според него,потребна е подготвка заради технички и безбедносни подготовки. Во секој случај, подвлекува Вангеловски,тоа ќе биде јавна седница за која ќе бидат навреме известени медиумите.
Заради големиот интерес, во Врховниот суд размислуваат за изнаоѓање на техничко решение со видео линк,за да може сите заинтересирани да ја следат седницата.
„Идејата ми е покрај отвореноста на големата сала на ВСРМ, седницата заинтересирани да ја следат и од друга сала“, информира Вангеловски и додава дека,сепак, мора да се води сметка и за заштита на детската пиблика од презентација на грозоморниот настан.