Втор земјотрес денеска во Охрид-ги избрка Охриѓани на улица
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2017
Првиот земјотрес на охридско тло денеска беше регистриран 2 минути пред 10 часот а вториот кој од домовите ги избрка Охриѓани е регистриран во 11 часот и 39 минути.
Земјотресот бил со магнитуда од 4 степени според Рихтер на 10 километри источно од Охрид а на длабочина од 5 км.
По овој земјотрес следела паника кај граѓаните, кои ги напуштале домовите и чекале на улица.
Дел од медиумите пишуваа и дека во делови од градот снемало струја.