Вучиќ им порача на косовските Срби масовно да гласаат
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2017
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги повика косовските Срби да гласаат масовно на предвремените парламентарни избори кои се одржуваат денеска, објави KosovaPress.
Вучиќ вели дека Србија и целиот српски народ, заедно со сонародниците во Косово,
го заштитуваат „она што е свето и неотуѓиво“.
Косовските граѓани гласаат на предвремените избори за новиот парламент од 120 члена.