Вучиќ: Во Србија подобро отколку во 90% од државите на ЕУ
Објавено во: Балкан 08 Април, 2017
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ оваа година очекува минимален дефицит и убеден е дека тој показател од економијата ќе биде подобар од 90% од земјите во ЕУ.
Тој потсети дека дефицитот оваа година ќе биде 600 милиони евра, според она што го предвиде ММФ и Собранието.
Но, вели нема да има ни 150 милиони евра.
„Ќе се трудиме да бидеме уште подобри“ - рече Вучиќ.
Вели дека добрите економски показатели помагаат владата да интервенира на некои места како што беше тоа случај со Гоше.
Според него, добро е да постои и во иднина таква можност за заштита и реагирање со покривање на трошоци.