14 Мај, 2024
0.0257

За 4.700 денари поголеми плати лани во ЈП Државни патишта, далеку поголем раст од македонскиот просек

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Просечната бруто-плата во Јавното претпријатие за државни патишта за една година се зголемила за 4.700 денари а бројот на работници останал ист. Ова е далеку повеќе од темпото по кое се зголемувала просечната бруто-плата во земјата во 2019, објави независниот ревизор за минатата година.

На крајот на  2019 претпријатието кое гради магистрални, регионални и локални патишта прикажало околу 53.100 денари бруто плата по вработен, додека една година претходно таа била околу 48.400. Бројот на работници останал ист и изнесувал 447. Вкупните расходи за плати на вработените лани бил 285 милиони денари, или 25 милиони повеќе за една година. На пример, во 2017 овие трошоци биле 210 милиони денари, но тогаш имало само 386 вработени.

Приходите од акцизите на течните горива, наплата на патарините и регистрацијата на моторните возила се зголемени кај сите три сегменти и изнесуваат вкупно 7,37 милијарди денари, односно за 344 милиони денари повеќе. Претпријатието завршило со 2,93 милијарди денари добивка пред оданочување, или претворено во евра тоа би било околу 49 милиони евра. Треба и да се каже дека дел од оваа добивка оди за одржување на патиштата кај ЈП Македонија пат.

Отплатата на главниците на кредитите за оваа година кон странските кредитори за изградбата на магистралните, регионалните и локалните патишта е 2,09 милијарди денари, или 770 милиони денари повеќе од лани, а во следните година дена државата ќе треба да плати дури 3,35 милијарди денари кредити според рокот на доспевање, односно тоа би било рекордни 55 милиони евра.

Долгот на земјата преку ова претпријатие кај меѓународните финансиски институции и банки за една година е зголемен за 6,2 милијарди денари и сега вкупно изнесува 43,2 милијарди. Практично, земјата е задожена со 708 милиони евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!