ЗА ДА ЈА ПОБЕДАТ КОНКУРЕНЦИЈАТА: На пилотите им нудат по 10.000 евра и уште нешто
Објавено во: Финансии 10 Октомври, 2017
Ирската компанија Rajaner најави поголеми плати и подобри услови за пилотите со цел да ја надминат конкуренцијата.
Покачување и подобри услови за работа ќе имаат веќе од следната година.
Платите ќе се зголемат од 5.000 до 10.000 евра годишно, а ќе има и бонуси за лојалност од 6.000 до 12.000 евра за сите пилоти кои во компанијата работат повеќе од година дена.
Од 4.200 пилоти, оваа година им заминале 260, а ќе вработат уште 650.