01 Мај, 2024
0.0250

ЗА ДВА МЕСЕЦИ ЗАРАБОТИЛ 6 500 ДОЛАРИ ВО АЛЈАСКА: Пакувал лососи по 16 часа, но му се исплатило!

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Сезонските работи на Алјаска станаа вистински хит во последните месеци. Многумина од Балканските земји, заминуваат и таму работат по месец или два. Најчесто за тоа време работат една година колку на Балканот, а се враќаат исцрпени, но задоволни.

Еден од гастербајтерите на Алјаска, Белграѓанецот Мирослав Николиќ (35) минатиот јуни се впуштил во авантура на работно патување преку една српска програма. Бил ангажиран во фабрика за преработка на лосос.

„Животот ми се сведува на работа и спиење, но успеав да ја заработам својата годишна плата во Србија само за 55 дена. Таму обработував и пакував лососи по 16 часа дневно, во три смени“, раскажува Мирослав.

Како што вели, животот на Алјаска е скап, меѓутоа, парите кои ги заработувал ги трошел само на најосновното.

„Фирмата во која работев ми плати сместување, три оброци дневно, и практично немав на што да ги трошам парите. Алјаска е поскапа од остатокот на Америка за 20-30 отсто. На пример кутија цигари чини 10 долари, а толку беше еден мој работен час“, објаснува тој.

Поради обемот на работа немал ниту еден слободен ден.

„Станам, јадам, работам, јадам, спијам и така во круг, на тоа се сведуваше мојот живот таму. Но, дојдов со цел да заработам што повеќе, и по враќањето во Србија донесов чисти 6 500 долари, што е многу повеќе од мојата годишна плата во Србија“, наведува Мирослав и додава дека веќе наредниот јуни повторно ќе оди на уште една тура работа.

Тие кои сакаат да одат мора да имаат некоја работа и семејство во Србија, како би се знаело дека ќе се вратат, а пред се, треба одлично да знаат англиски јазик.