08 Мај, 2024
0.0235

За едните реалност, за другите лага – што прави Субрата Рој со „Џумајлија“?

Објавено во: Агробизнис 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

За министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, проектот на Субрата Рој за  Џумалија не е предимензиониран, а сите мерки и најавени активности се реални. Индиецот за време на посетата кој најави инвестиција од 300 милиони евра во агрокомбинатот кој ќе го naправи лидер во производство на млеко и млечни производи. Според Димовски ова е голема и сериозна програма, а иновациите и 2.000 нови вработувања се само дел од тоа што Рој ќе го направи во земјоделството. „Проектот мора да се реализира бидејќи банкарската гаранција е веќе депонирана. Во спротивно потпишаниот договор со закупецот ќе се раскине“, истакна Димовски пред Собраниска комисија. Во Министерството за земјоделство најави дека е формирана работна група за големата инвестиција,  а најпрво ќе треба да се менуваат урбанистичките планови и да се овозможи изградба на барем десет фарми и три ветеринарни станици за добитокот. На ова реагираа пратениците од опозицијата. Оттаму повторија дека со условите од договорот, земјиштето му е практично подарено на Субрата Рој. Тие посочија дека плановите се нераелни,  банкарската гаранција е манипулација, а  Субрата Рој е новиот Моше Баум. Според договотот за Џумајлија, компанијата на Субрата Рој за закуп годишно ќе плаќа 121.000 евра. Земјиштето е дадено под концесија на 15 години, компанијата треба да преработува  80 илјади литри млеко дневно и да вработи 2000 лица за три години.