03 Мај, 2024
0.0386

За ефективна ноќна нега – Eucerin® крема со хијалуронска киселина

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Негата на кожата е значајна и во текот на ноќта. Тогаш кожата мирува и се обновува. Колку повеќе знаеме за физиолошките причинители за стареење на кожата, толку повеќе и сме свесни за потребата од спречување на нејзиното стареење. Истражувањата покажуваат дека една од причините за неминовниот процес на стареењето на кожата е губењето на значајно количество на хијалуронската киселина која се смета за клучен причинител за појавување на длабоките бори.

Молекулите на хијалуронската киселина се главните состојки на материјалот за полнење кој се наоѓа меѓу клетките на кожата (средината на врзивното ткиво), а намалувањето на оваа киселина значи губење на нејзиниот волумен. Токму ова е моментот кога се појавуваат борите.

Hyaluron nokna

Eucerin® ноќната крема со Хијалуронска киселина е креирана токму да ги надополни овие недостатоци на кожата.

Овозможува интензивна нега на кожата во текот на ноќта, полнејќи ги борите од внатре кон надвор, видливо ублажувајќи ги дури и најдлабоките бори. Делува превентивно и ги порамнува контурите на лицето.

о реактивира и поттикнува создавањето на хијалуронската киселина во кожата и ефективно ги полни борите одвнатре со што тие стануваат видливо многу помазни. Биоактивниот сапонин докажано го рединамизира производството на хијалуронската киселина во кожата и го пополнува врзивното ткиво по природен пат. Содржи декспантенол кој служи за обнова на кожата во текот на ноќта.

Дерматолошките истражувања покажале дека видливо ги намалува борите во подрачјето на челото, устата и носот, дури намалувајќи ги и најдлабоките бори. Клинички е докажано дека кожата одлично ја поднесува.