01 Мај, 2024
0.0256

За Изетбеговиќ обвинувањата на Додик за тренирање паравојски се глупости

Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ синоќа изјави дека тврдењата дека организира илегална обука на паравоени формации претставуваат „куп глупости“.

Тој вели дека планови за паравојски всушност постојат „кај тие кои ги пласираат таквите глупости“.

„Меѓутоа, се плашам дека тоа е неточна формулација. Мислам дека во сето тоа има план на тие, кои преку такви медиуми, пласираат такви глупости“- изјави Изетбеговиќ.

Запрашан кои се „тие“, Изетбеговиќ изјави дека не сака да шпекулира, но дека треба да се види од каде доаѓаат обвинувањата.

„Такви работи доаѓаат од Србија и Република Српска. Тие кои се вооружуваат, кои купуваат нови авиони, кои се закануваат со дисолуција на БиХ и референдуми, кои наградуваат воени злосторници и кои ги слават воените злосторници. Сакаат да има некој од другата страна кој ќе провоцира и ќе имаат оправдување за своите постапки“- рече Изетбеговиќ.

Тој нагласи дека бошњачката страна и босанските патриоти нема да направат ништо што би можело да ги вовлече БиХ и регионот во конфликт.

Обвинувањата дека Изетбеговиќ „подготвува разни вооружени организации за напад врз Република Српска“ ги изнесе претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик, откако претходно белградскиот весник „Вечерње новости“ објави дека бошњачкиот член на босанското Претседателство „организира илегална обука на паравоени формации“ и дека обуката ја минале 9.000 Бошњаци на возраст од 18 до 35 години.

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот