За оставката на Груевски ќе заседава ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017
Попладнево Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за оставката на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски. На седницата денеска треба да се потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата што ќе се одржи во Валандово на 23 декември.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја образложи оставката.
Неофицијално за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат и имињата на Христијан Мицкоски, Илија Димовски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски како и други кандидати кои ја чекаат својата шанса.