fake panerai watches ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?
02 Мај, 2024
0.0256

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

ЕСМ во тек на 2021 година продал 223.500 мегаватчасови струја, на аукции за трговци, по просечна цена од 63 евра за мегаватчас. И тоа им се вратило како бумеранг! Затоа што од 7 ноември до 31 декември таа година платија 34,7 милиони евра за да купат од трговците 136.176 мегаватчасови електрична енергија. Дали е ова е еден од „најголемите деловни подвизи“ на ексдиректорот Васко Ковачевски?

Државниот производител на електрична енергија ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) за неполни два месеци во 2021 година потрошил 34,7 милиони евра за да купува струја. Во периодот во кој со таа голема домашна компанија директорувал Васко Ковачески, ЕСМ се довел во ситуација да нема доволно сопствено производство и да мора да купува струја по цена која изнесувала 255 евра за еден мегавачас електрична енергија.

Ова се официјални податоци кои се јавно достапни во годишниот извештај за работата на ЕСМ за 2021 година. Овие податоци, по три години, всушност се и официјална потврда на поранешните објави на „Фактор“ во кои пишувавме за тоа дека државната компанија се доведе во ситација да остане без енергија и да мора да купува по изгор-цени.

Најжално е тоа што истиот менаџмент предводен од Ковачевски претходно во текот на таа година (2021) продавал електрична енергија произведена од ЕСМ и тоа по просечна годишна цена од 63 евра за еден мегаватчас.
Но во ноемрви 2021 година заради начинот на работење на кои им претходеле хавариите во рудниците за јаглен заради поплави се довеле во ситуација да мора да купуваат струја по просечна цена од 255 евра за еден мегавтчас.

И да се знае дека во јули и август, кога се случила хаваријата во рудниците за јаглен, ЕСМ наместо да купи евтина струја (не поскапа од 70-75 евра за мегаватчас) „ги газел турбо“ хидроцентралите и од нив „истискал“ 209.000 мегаватчасови електрична енергија. И тоа им се вратило како бумернаг во ноември и декември кога плаќаа 255 евра за еден мегаватчас електрична енергија.

Така ова раководство на ЕСМ продало 223.500 мегаватчасови струја од што инкасирало 14 милиони евра, а во ноември и декември купило 136.176 мегаватчасови струја за што платило 34,7 милиони евра.

Заради тоа што Ковачевски и неговата раководна екипа планирале како што планирале се довеле во ситуација во ноември и во декември да платат речиси 35 милиони евра за набавка на струја која во зимски услови е доволна да задоволи потрошувачка за само една недела за сите потреби на македонските потрошувачи.

За да нема забуна, електричната енергија која ја продавал ЕСМ не е по регулирана цена. Тоа е енергија која била вишок над потребите за граѓаните кои плаќале регулирана цена односно тогаш тарифни потрошувачи, а е продавана на аукции на кои се јавувале трговски фирми.

Сите детали за работењето на ЕСМ во таа година се достапни на следниот линк https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/AD-ESM-GODISEN-IZVESTAJ-2021.pdf

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?