01 Мај, 2024
0.0265

За прв пат кај нас! CyberMK 2020 – Прв Национален натпревар во сајбер безбедност – хакатон!

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сајбер безбедноста никогаш не била поважна. Ако порано беше доволно само да се избере вистинскиот firewall, антивирус и алатки за енкрипција, сега треба да се направи многу повеќе за да се спречи еден хакерски напад. Живееме во еден дигитален свет во кој технологијата се развива неверојатно брзо, а паралелно со нејзината широко распространета употреба се развива и сајбер криминалот. Експоненцијално со сето тоа сајбер експертите заземаат исклучително важна улога во функционирањето на бизнисот.

Оваа година за прв пат кај нас ќе се одржи Национален натпревар во сајбер безбедност – хакатон, во организација на Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како организациска единица во Агенцијата. Целта на овој натпревар е промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификација и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата.

Натпреваротќе содржи индивидуално и тимско натпреварување спроведено во фази, за избор на одреден број финалисти кои ќе се натпреваруваат на лице место на настан што ќе се одржи на крај од месец март 2020 година. Натпреварот е дизајниран да им постави задачи и предизвици на учесниците во различни области на сајбер-безбедност како што се етичко хакирање, откривање на упад, компјутерска форензика, анализа на логови, Reverse engineering и друго. Натпреварувањето ќе комбинира примена на елементи за дизајн на игри и принципи на игра, со интерактивни предизвици, за тестирање на знаењето за сајбер-безбедност во широк спектар на домени. На учесниците кои успешно ќе ја завршат претквалификацијата, ќе им биде овозможено освен учество во индивидуалниот натпревар, да креираат групи од 3 лица и дополнително да учествуваат во тимскиот финален натпревар.

Натпреварот е од отворен карактер и секој може да се пријави и учествува, со фокус на младите на возраст од 15 – 27 години и студентската популација.

За победниците Агенцијата има обезбедено одреден фонд за награди.

Ако сметате дека сте експерт во сајбер безбедност и сакате предизвици, тогаш овој натпревар е одлична можност да ги докажете вашите вештини!

Повеќе детали за натпреварот и начинот на регистрација видете тука: https://cyberstars.pro/cybermk/

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор