За рестораните за свадби исплатени 54,5 милиони денари, за ваучерите 400 милиони
Објавено во: Економија 18 Декември, 2020
Рестораните за свадби добиле грантови во вкупна вредност од 54,5 милиони денари, а за овие пари аплицирале 132 такви угостителски објекти. Ова го објави Крешник Бектеши, министерот за економија, во отчетот за 100 дена од новата влада.
Кај останатите четири категории во рамки на мерката за помош на угостителско-туристичкиот сектор, 214 физичи и правни лица добиле 58 милиони денари назад по уплатената туристичка такса.
Вкупно 276 туристички агенции добиле грантови од 79,6 милиони денари, 81 игротека ги исполниле условите за грантови со вкупно 13,2 милиони денари, а за 78 туристички водачи се исплатени 5 милиони денари
Бектеши информираше дека до 15 декември, до кога и заврши рокот за нивното искористување, се реализирани 64.675 ваучери за домашен туризам, за кои се исплатени околу 400 милиони денари кај сместувачките капацитети.