За Шеќеринска државата е блокирана, а Вељаноски го крши Деловникот
Објавено во: Македонија 10 Април, 2017
Пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска повторно го предупреди претседавачот Трајко Вељаноски дека го крши Деловникот со тоа што не прифаќа преоѓање на следната точка.
„Членот 78. став 2. има опција да се менуваат точките од дневниот ред. Членот треба убаво да се прочита. Не пишува на почеток на седницата, туку стои во текот на седницата. Имаме блокирана држава“ - вели Шекеринска.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев вели дека тоа што СДСМ го предлага, преминување на точката за избор на претседател на Собранието никогаш не се случило во Законодавниот дом.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски обвини дека документот кој што СДСМ сака да го претстави како програма на идната влада е обична лага. Додава дека после изјавите на албанските политичари, јасно е дека основ за формирање на парламентарно мнозинство е Тиранската платформа која што СДСМ ја прифатиле.Денеска е 10-то продолжение на конститутивната седница во Собранието.