За што разговараа Заев и Тачи во Приштина?
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2017
Премиерот Зоран Заев денеска
оствари средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи.
На средбата беше кажано дека двете земји немаат отворени прашања.
„Добивме силно охрабрување од Претседателот Тачи да го реализираме тоа што го договоривме со премиерот Харадинај. Да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи. Заедно ги слушнавме бизнисмените на двете земји. Со нивните сугестии се отвораат можности за нови работни места, што е особено значајно за младите. Ќе ги вложиме сите капацитети да го олесниме бизнисот со редуцирање на граничните и царинските процедури. Во однос на нашите заеднички евро-атлантски аспирации, констатиравме дека за време на претседавањето на Австрија на Бугарија со Советот на ЕУ, се отвораат добри перспективи за овие наши стратешки цели“ - рече Заев.
Тој нагласи дека народите од двете земји мора да го продлабочуваат пријателството.