26 Април, 2024
0.0270

За што „Жито Полог“ ќе плати 3 милиони евра на ЗК „Пелагонија“?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел од целиот недвижен имот што ќе се продава со „Жито Битола“, продавачот ЗК „Пелагонија“ го плати во 2012 година за 52 милиони денари. За целиот удел за ЗК „Пелагонија“ во „Жито Битола“ основана со 5.000 евра, сега „Жито Полог“ е спремен да плати 276.000 евра 

Тетовската компанија „Житo Полог“ ќе плати 179 милиони денари (речиси 3 милиони евра) на ЗК „Пелагонија“ за да ја купи нејзината фирма ќерка „Жито Битола“, пишува во предлог одлуките на претстојните закажани акционерски собранија на двете компании. ЗК „Пелагонија“ е најголем поединечен акционер во „Жито Полог“ и таму поседува 37,5 отсто од акциите. Само за потсетување „Жито Полог“ неодамна продаде свои акции во ЗК „Пелагонија“ и во ТТК Банка за што инкасираше над 1,1 милиони евра. Многу значајно е тоа што износот од 179 милиони денари е 38,6 отсто од сметководствената вредност на имотот на „Жито Полог“.

Имотот што е наведен во описите дадени во предлог-одлуките покажува дека за објекти во вкупна површина од 12.382 квадратни метри и за 100 отсто од уделот во „Жито Битола“ тетовската компанија ќе плати вкупно 179 милиони денари. Од тоа за објектите „Жито Полог“ ќе плати 161,95 милиони денари, а за уделот во „Жито Битола“ ќе плати 17,05 милиони денари.

Колку пари ЗК „Пелагонија“ го плати поголемиот дел од имотот што сега го продава?

Значајно да се истакне е тоа што ЗК „Пелагонија“ во 2012 година објави дека за недвижен имот Млин за жито „Илинден“ платила 52,55 милиони денари, за исплата на парите земала и долгорочен кредит од „Комерцијална банка“ во износ од 49,9 милиони денари. Целата информација е на следниот линк www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=31337

Овој недвижен имот е со имотел лист 70280 во К.О. Битола 5 и во целост одговара на понудениот имот во првата точка на предлог одлуката каде е опишан имот за продажба со ист имотен лист. Големината на целиот имот заведен во овој имотен лист е 7.213 квадратни метри. 

 Другиот недвижен имот што ќе биде предмет на продажба е поделен во три точки. Во втората точка предмет на продажба се две деловни простории во вкупна површина од 24 квадратни метри и изградена вага со површина од 109 квадратни метри. Во третата точка се армирани бетонски силоси с капацитет од 10.000 тони со вкупна површина од 360 квадратни метри. Во четвртата точка е недвижен имот на „Жито Битола“ што ЗК „Пелагонија“ во извештајот за работење за 2012 година пишува дека го купила од ТТК Банка. Овој недвижен имот ЗК „Пелагонија“ го купила под името Млин „Драгор“. Цената по која е купен имотот не е наведена во информацијата дадена во овој линкhttp://www.zkpelagonija.mk/webstorage/Akc_sobranija/Sobranie100613/6.Izv.Rab.Odbor.pdf  но затоа пишува дека површината е 4.676 квадратни метри која се наоѓа на адреса „Боримечка“ што во целост одговора на имотот што се продава во точка 4 од предлог одлуката.

Во последната точка предмет на продажба е уделот на ЗК „Пелагонија“ во „Жито Битола“. За уделот „Жито Полог“ е подготвен да плати 17,05 милиони денари. Тоа е 16,75 милиони денари повеќе од основачкиот паричен влог од 5.000 евра со кој е основана оваа фирма-ќерка на ЗК „Пелагонија“.. И таа информација е достапна на горниот линк..

„Фактор“ заради целосно и објективно информирање на јавноста до ЗК „Пелагонија“ упати прашање 

колку ја чинело компанијата купувањето на недвижниот имот кој е предмет на продажба во предлог – одлуката. Доколку добиеме информација ќе ја објавиме во целост. 

Значајно е да се истанке дека на акционерските собранија на двете компании нема да гласаат акционерите „Орка Холдинг“ и „Ескико“ како заинтересирани страни во ЗК „Пелагонија“, а ЗК „Пелагонија“ како заинтересирана страна во „Жито Полог“.

Целата информација за предлог-одлуката може да ја превземете на следниот линк http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=42104

Повеќе за темата со „Жито Полог“ може да прочитате во следниот линкКолку пари зема „Жито Полог“ од продажбата на акциите во ТТК Банка и ЗК „Пелагонија“?


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина