04 Мај, 2024
0.0669

ЗА ТАБЛЕТИТЕ ОТКРИЕНИ ВО НОЕМВРИ ЛАНИ: За седум лица обвинителен акт, за едно обвинителен предлог

Објавено во: Македонија 24 Март, 2022

Добивај вести на Viber

По спроведената истражна постапка, надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против едно лице, додека за едно лице истрагата е запрена, соопшто Обвинителството.

„Истрагата беше отворена кон крајот на декември минатата година по поднесена кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи. Во текот на постапката се утврди дека во ноември 2021 година четворица обвинети, меѓу кои двајца полициски службеници, како и повеќе лица, во два наврати организирале неовластено пренесување заради пуштање во промет на таблети што содржат прекурсори, додека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности“, се вели во дописот до јавноста.

Првиот кривично правен настан се случил на 2 ноември лани, при што од царинската испостава на Меѓународниот Аеродром Скопје без царински преглед биле изнесени 29 различни видови на таблети во вкупна тежина од 190,90 килограми, спакувани во осум кутии. 

„Таблетите преку зелениот појас во близина на државната граница помеѓу земјава и Косово биле пренесени на косовска територија, каде биле откриени и одземени од косовската полиција во близина на местото Жегра. Вториот настан се случил три дена подоцна, односно на 5 ноември 2021 година, кога 13 пакети со таблети „Decancit SR“ што содржат цетиризин и прекусор псеудофедрин класифициран во прва категорија во Националната листа на прекусори со тежина од 1.015 кг и во вредност од над 4.826.410 денари (78,5 илјади евра - н.з.) без пропишаната контрола исто така биле изнесени од карго терминалот на Меѓународниот Аеродром Скопје“, се вели во соопштението.

Во двата случаи обвинетите царински службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности и не извршиле задолжителен детален преглед со кој се споредува фактичката состојба со наводите од декларацијата, не извршиле соодветна контрола и без да ги отворат пратките констатирале дека стоката во пакетите е идентична со опишаната во документите од царинската декларација и дека царинската процедура е завршена. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните.

„Со дејствијата што  ги извршиле произлезе дека обвинетите Б.А., М.А и И.А. сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидени и казниви по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а на обвинетите Б.А. и М.А. им се става на товар и кривично дело од став 1 од истиот член, како и кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое заедно со нив е обвинет и И.Ф. Царинските службеници А.А., Љ.Љ., Д.К.Ш. и Џ.Ш. се обвинети дека сториле кривично дело Криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 5 во врска со став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот М.А. според дејствијата опишани во една од точките на диспозитивот на Обвинителниот акт сторил и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од Обвинителството за гонење на организиран криминал. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“