08 Мај, 2024
0.0303

ЗА ВЛЕЗ, ДВЕ ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОР: На оваа црногорска плажа подгответе 120 евра дневно

Објавено во: Стил 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Само еден ден на познатата црногорска плажа Милочер би можел да ве чини колку и половина од аранжманот во некој друг дел на црногорското приморје.

Оние кои ќе посакаат да се сончаат на плажата која е поранешно одморалиште на српската династија Караѓорѓевиќ, тоа задоволство ќе мора да го платат 120 евра. И тоа само на Кралската плажа, додека на „Краљичина плажа“ која се наоѓа веднаш покрај неа, дури ни оние кои се подготвени да издвојат толку голема сума на пари нема да можат да влезат.

„Краљичина плажа“, која името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ, веќе со години е затворена за јавност, а во нејзините волшебства може да уживаат само гостите на луксузниот хотел „Вила Миличер“, која од 2007 година заедно со Свети Стефа ја управува конзорциумот „Аман Ресорт“.

Инаку, наследниците на династијата Караѓорѓевиќ по судски пат ја бараат поранешната летна резиденција на кралицата Марија и кралот Александар Караѓорѓевиќ, но и целосниот имот кој на кралското семејство му е одземен во 1947 година. Покрај поранешната летна резиденција на Милочер, тука се и земјиштата во Милочер, виновите лозја, градини, пасишта, плац со родната куќа на кралот Александар на Цетиње и дворецот „Лесковац“ на Река Црнојевича.


Правната постапка е покрената во април 2005 година, но барањето на наследникот на Караѓорѓевиќ неколку пати е одбиван. Се очекува случајот да заврши пред судот во Стразбур, а до тогаш. Караѓорѓевиќ и сите оние кои ќе се упатат на преубавите милочерски плажи, ќе мора да подготват 120 евра за влез, две лежалки и чадор.