05 Мај, 2024
0.0252

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НОВАТА СОПСТВЕНА ФИРМА - огласи веќе нема да мора да се распишуваат

Објавено во: Економија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните што ќе сакаат да си основаат сопствена фирма, ќе можат веднаш да бидат вработени во неа и пријавени во Агенцијата за вработување, без претходно да мора да се распише оглас за тие работни места.

Досега ова важеше само за оние што ќе бидат управители на фирмата.

Вработени веднаш во новата фирма, без оглас, ќе можат да бидат и други лица кои таму првично ќе го засноваат својот работен однос.

Со оваа новина се предлага да биде изменет Законот за едношалтерски систем и водење трговски регистар и регистар на други правни лица.

Предлог законот за измени и дополнувања е на Владата и е веќе во собраниска процедура, а пред народните избраници ќе го застапува министерот за економија, Крешник Бектеши.  

Од Владата тврдат дека нема технички проблем за да се изведе оваа новина.

Главната цел на носењето на законот е да може секоја фирма да се основа што побргу, односно да не ја успорува сега законски задолжителното објавување на огласи за работните места, предвидено со Законот за работни односи. Се смета дека тоа може да ја подобри бизнис климата во земјава.

„Целта на Предлог законот е поедноставување на условите и постапката за отварање нова фирма и нејзино отпочнување со работа, на начин што преку едношалерскиот систем воспоставен во рамки на Централниот регистар, основачите на фирмите, како што тоа досега е предвидено за законските застапници или управителите, ќе имаат можност, да бидат вработени т.е. пријавни како вработени лица во Агенцијата за вработување, истовремено со поднесување на пријавата за основање на фирмата, без објавување оглас за вработување од страна на Агенцијата за вработување, во времетраење од најмалку три дена“, се вели во образложението на предлог законот за измени и дополнувања на Законот за едношалтерски систем.

Во законското решение се објаснува дека внесување на податоците за првото вработување на основачите на фирмата и нивното вклучување во задолжителното социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување), Централниот регистар има можност да го изврши електронски, преку електронско поврзување на своите регистри со регистрите и базите на податоци коишто се водат во Агенцијата за вработување, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, како и во Фондот за здравствено осигурување.

Да се даде ваква можност за фирмите побрзо да се основаат било разговарано на владина седница уште во август годинава, по претходно направени консултации со Министерството за финансии, Централниот регистар и Министерството за труд и социјална политика.

Инаку, како што е познато, согласно постојното решение, при постапка за упис на основање трговски субјект единствено лицата овластени за застапување, како што е застапник по закон или управители, кои можат да засноваат работен однос без објавување оглас според Законот за работни односи, при прво вработување во новата фирма што се отвора.

„Оваа можност не е предвидена за основачите на субјектот, ниту, пак, за останати лица со кои фирмата има потреба да заснова работен однос, од причина што за нив се применува постапката за засновање работен однос според Законот за работните односи и задолжително се објавува оглас за работното место.

Доколку се избрише, односно се укине обврската при отворање фирма да се објавува оглас за вработување на основачите, односно на работниците, се очекувапоедноставување и скратување на времетраењето на постапката за отворање фирма, а со тоа и подобрување на состојбите во делот на индикаторот започнување бизнис, согласно Извештајот Doing Business 2020на Светска банка, и подобрување на вкупниот ранг на земјата“, се вели во образложението на овој предлог закон. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра