27 Април, 2024
0.0267

Забрзува падот на индустриската активност во еврозоната

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Индустриската активност во еврозоната и во октомври продолжува да паѓа, вече 15-ти месец по ред, погодена од погубниот пад на производство и новите нарачки,објави „Markit“. Маркитовиот индекс за еврозоната во октомври е намален на 45,4 поени од 46,1 поени претходниот месец. Со тоа е благо корегиран нагоре, наспроти првичните предвидувања дека ќе се спушти до 45,3 поени. Сепак, останува под 50 поени што е лош показател. Производителите треба да бидат движечката сила на еврозоната за нејзино закрепнување од последната рецесија, но кризата во фабриките која започна во посиромашните земји од еврозоната, сега се прошири и на водечките економии како Германија и Франција. "Секторот Производството зачекори во последниот квартал на 2012 година со разочарувачки резултати, и пад на активноста. Податоците за одделните држави, исто така, нудат мрачни прогнози. Слабостите во периферниот дел на еврозоната сега се во комбинација со слабеењето на некогаш силната економија на Франција и Германија", главниот економистна Маркит, Крис Вилијамсон. Претходно објавените податоци од Германија, најголемата економија во Европа, покажаа пад на индустриската активност во октомври, осми месец по ред. Франција сеуше добро се држи, а во Шпанија, темпото на пад индустриската активност забрза во октомври, а слична е состојбата и во италијанскиот производствен сектор. Исклучок е Ирска, чиј индекс порасна на 52,1 поени во октомври и е на највисоко ниво во последните три месеци.

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба