ЗАД НЕА СЕ ФРАНЦИЈА, ТУРЦИЈА, ПОРТУГАЛИЈА: Ова е земјата со најубави плажи
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Во 2018-та година Шпанија стана побогата за уште 11 плажи кои имаат сино знаме.
Шпанија е дефинитивно светски лидер кога е квалитетот на плажите во прашање, па така има дури 696 плажи со сино знаме.
Сино знаме за плажи и марини е меѓународен еколошки стандард за квалитетот на морето и крајбрежната средина. Секоја година се доделуваат на плажи и марини кои ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди со 33 критериуми.Грција, Франција, Турција и Португалија се под Шпанија на оваа листа со најубави плажи на светот.