26 Април, 2024
0.0263

Заедничка хуманитарна акција на „Тиквеш“ и посетителите на Фестивалот на младо вино 2017

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Големиот број љубители и почитувачи на виното кои присуствуваа на годинешниот, осми по ред, Фестивал на младо вино, одново ја покажаа својата хуманост, земајќи учество во донаторската акција што ја организираше Винарската визба „Тиквеш“.

„Тиквеш“ ги мотивираше сите посетители на фестивалот да донираат средства, со тоа што винарницата за секој донатор обезбеди подарок младо вино. На ваков начин, во двата дена на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“, вкупно беа собрани над 240.000 денари. 

Овие средства се наменети за поддршка на функционирањето на домот за деца без родители и родителска грижа и воспитно запуштени деца во Кавадарци, како и за Центарот „ЦЕДУЗ“ од Скопје кој обезбедува поддршка, едукација и стимулација на психомоторниот развој на деца со посебни потреби и нарушувања, како што се аутизам, проблеми со говорот, потешкотии во моторниот развој и друго.

Винарската визба „Тиквеш“ е општествено одговорна компанија која преку бројни проекти и донации перманентно вложува во заедницата на која ѝ припаѓа. Компанијата во континуитет обезбедува поддршка на значајни културно - уметнички манифестации, настани од едукативен карактер, како и хуманитарни активности.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет