03 Мај, 2024
0.0240

Заедно до средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетес

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во текот на утрешниот ден, 9ти ноември од 10-13 часот, Сојузот на здруженија на дијабетичари организира настанза сите љубители на спортот и здравите животни навики, со цел да се подигне свесноста за дијабетесот, како и да се едуцира општата јавност за важноста на семејството во третманот и разбирањето на и потребите на лицата со дијабетес.

Рекреативното искачување на Водно е дел од овогодинешните активности поврзани со Светскиот ден за борба против дијабетес. Настанот започнува со средба на учесниците во 10:00 ч. пред О.У. „Кочо Рацин“ по што планирано заедничко искачување до средно Водно. За секој учесник предвидена е редовна контрола на гликемиите, како и пакет за освежување. Оние кои не можат да испешачат, може да ги искористат редовните автобуските линии на ЈСП и да се придружат на паркингот на средно Водно каде продолжува дружењето. На искачувачите ќе им се придружи и група од  велосипедисти, поддржувачи на борбата против дијабетесот, кои со симболична кружна рута преку средно Водно и Пантелејмон до О.У.,,Кочо Рацин“ ќе го извозат т.н. син круг кој е всушност знакот на лицата со дијабетесот.

Уште една одлична можност за сите ентузијасти и љубители на рекреативното планинарење да го искористат викендот за рекреација, но и активно да се вклучат и да ја поддржат иницијативата. На настанот ќе земат учество и претставници на разни компании, како и секој оној кој доброволно сака да се приклучи и да даде поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија