03 Мај, 2024
0.0279

Заев: Дефинитивно имаме напредок и во делот на признавањето на МПЦ

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, ја поздрави одлуката на Бугарската патријаршија да го прифати барањето на Македонската православна црква – Охридска архиеписокопија, да и биде мајка –црква. Како што рече Заев, ова значи и признавање на автокефалноста на МПЦ, пример, рече, што се надева ќе го следат и другите православни цркви.

„Ние не сакаме да се мешаме во односи меѓу црквите, но оваа порака е исклучително позитивна, можам само да ја поздравам. Дефинитивно имаме напредок и во делот на признавањето на нашата Македонска православна црква. Прифаќањето од бугарска страна да се биде мајка значи ќе го води целиот процес за помагање на признавањето на афтокефалноста на нашата МПЦ. Се надевам сите други православни цркви ќе го следам примерот, затоа што да се биде мајка – црква завршува со признавање на МПЦ. Среќен сум што градиме пријателства дава резултати, ние сме мала земја само со пријатели ќе можеме да одиме напред, а со тоа и ќе можеме да отвараме нови преспективи“ – изјави Заев, објави Фокус

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред  помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

На седницата на Синодот на бугарската патријаршија донесена е одлука за формирање на синодска Архиерејска комисија од осум члена, која ќе ја застапува МПЦ пред останатите помесни православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите