Заев денеска оди да си го земе мандатот
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2017
Лидерот на СДСМ денеска ќе го добие мандатот, дознава Фактор.
Според информациите до кои дојде нашиот медиум Зоран Заев во 12 часот ќе оди да го земе мандатот од претседателот Иванов, а ќе му ги даде и бараните гаранции.
Информацијата ја потврди и кабинетот на претседателот, а во најавата пишува:
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска (17.05.2017 – среда) во 12:00 часот ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Зоран Заев.
Во петок пак истекува рокот за доделување на мандат.
Давањето на мандат за формирање на нова влада по декемвриските избори би требало да ја стабилизира државата и да овозможи спроведување на итни реформи кои Македонија треба да ја вратат на евроатлантскиот пат.