15 Мај, 2024
0.0269

Заев: Ги повикувам компаниите да ја искористат македонската почва и клима за одгледување канабис за медицински цели

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска на отварањето на фабриката за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди „NYSK Holdings”, како дел од групацијата Фармакан Интернешнл, ги повика сите компаниите да ја искористат можноста која ја нуди земјата со својата почва и клима за оваа фармацевтска дејност.

- Оваа гринфилд инвестиција e на првата македонска компанија која е лиценцирана за одгледување на канабис за медицински цели. Го поседува потребниот европски сертификат и извезува на европските пазари. Ваквите сериозни инвестиции влеваат сигурност во овие тешки времиња. Извезува производи на сите континенти. До сите претпријатија кои имаат потенцијал за интернационално пробивање да го искористат моментот да се концентрираат на производи со повисока додадена вредност за извоз. Мораме да фатиме чекор со глобалните економските трендови. Одредени индустрии можат да не вратат на оатеките на економски раст. Владата е во постојана комуникација со претставниците на компаниите од оваа дејност. Низ светот имаме стотици и стотици вакви лекови а тоа отвора нови пазари, рече Заев пред почетокот на работата на капацитетот.

Премиерот најави дека македонските фарми ќе може да извезуваат цвет од канабис до крајот на годината со законските измени, а тоа на годишно ниво ќе и носи 250 милиони евра на земјата која ќе изгради посебен имиџ.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека потребните законските измени кои ги бара Европа ќе бидат наскоро донесени во Собранието.

- Ова е инвестиција во сегмент кој има светла иднина во одгледување на медицинскиот канабис. Има се повеќе докази дека помага во сферата на медицината, односно во невронауката. Во наши услови отвора многу работнио места,. нашиот закон за опојни дроги е во собраниска процедура и ќе претрпи измени, порача министерот.

Извршниот директор Златко Кескоски додаде дека ви време на криза, компанијата нашла сила да ги доинвестира последните средства.

- Нашата компанија вложи 20 милиони евра во оваа индустрија за развој кој треба да не одведе во Европа со најквалитетен производ во земјата, рече Кескоски во обраќањето.


Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри