07 Мај, 2024
0.0288

Заев ќе ги почитува албанските партнери - Закон за јазиците пред локалните

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека Владата планира пред локалните избори да го поднесе предлог Законот за употреба на јазиците во Собрание со цел да се реши ова отворено прашање кое ќе биде од интерес на граѓаните.

Вчера, одговарајќи на истото прашање Заев рече дека СДСм останува на истиот став, не калкулира и не купува време.

- Ова прашање не е само прашање на ДУИ,Беса, ДПА…ова е прашање и на СДСМ и на македонските граѓани. Оваа влада има намера со решенија да ги затвора отворените прашања, а не да ги става под тепих, рече Заев.

Тој истакна дека предлогот на измените е во процедура и во тек се консултации, а ќе биде донесен на оворена седница.

- На предлог на нашите европски прјатели нацртот ќе биде испратен и до Венецијанската комисија, на нивна експертиза. Ние како Влада ќе го донесеме предлогот на Законот за употреба на јазиците на отворена седница. Еве и во ВМРО-ДПМНЕ велат дека сакаат да ги променат своите позиции кон Албанците во Македонија, па на собраниската расправа очекуваме поддршка и однив. Одлуката е донесена. Собраниска седница може да има и пред добивањето на екпертизата од Венецијанската комисија. Ние може да го донесеме законот,  а ако има некакви забелешки до Венецијанската комисија, да седнеме и да дополниме нешто ако се согласуваме со забелешките. Немаме никакви резерви да ги разгледаме и тие укажувања. Со коалициските партнери процесите ги водиме што побрзо да ги решаваме проблемите. Не калкулираме, не купуваме време, законот треба час поскоро да го донесеме. Ако овој закон го донесеме и почне неговата имплементација, тогаш ќе имаме повеќе време да се посветиме на економските прашања. Немаме никакви предрасуди. Тоа што сме го кажале стоиме позади тоа, изјави Заев.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот