Заев: Нашата намера е да ја отвориме Владата за сите
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017
Премиерот Зоран Заев најави дека на владина седница ќе сe зборува и за оградата околу зградата на Владата, за која е најавено дека ќе се отстрани.
Сепак Заев вели дека ќе мора претходно да се разгледа Законот за јавни набавки.
„Бетонските столбчиња може да се направат убави клупи за седење. Металните огради да бидат добар покривач на самите клупи од дожд или слично. Но, да видиме архитектите и инженерите да дадат свој дел. Нашата намера и интенција е да ја отвориме Владата за сите“ - изјави Заев.
Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и чини 700.000 евра.
Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.
Прв гостин на Заев во Владата е евроамбасадорот Самуел Жбогар.