03 Мај, 2024
0.0269

Заев останува на чело на СДСМ-сега пред него има друг поголем предизвик

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На 22 Конгрес на СДСМ одржан вчера во Скопје Зоран Заев како единствен кандидат е повторно избран за лидер на партијата со мандат од четири години.

Радмила Шекеринска пак, повторно ја доби довербата на 700 делегати на конгресот и останува на функцијата заменик претседател на партијата која заедно со албанските партии ДУИ, Беса, и Алијансата за Албанците, го предводи парламентарното мнозинство во Собранието.

Заев после реизборот за челник на СДСМ укажа дека претстои долг пат на остварување реформски задачи, барајќи од членството и симпатизерите истрајно да продолжат со „темелно делување“ на европскиот курс.

„Треба да создадеме општество на еднакви вредности и шанси. Тоа е пат до ЕУ и НАТО. Македонија има со што да се гордее, граѓаните со пенкало срушија режим и се на чекор до нова влада. Направивме многу, ќе направиме уште повеќе. Подготвен сум за тој пат“; изјави Заев.

Во обраќањето на Конгресот тој укажа дека нема да  дозволи повторување на злото кое раководството на ВМРО ДПМНЕ им го нанесе на граѓаните и државата, додавајќи дека целта е обезбедување евро-атлански перспективи.

Најви старт на реформи со нова влада која има европски вредности, која, како што рече Македонија ќе ја добие следната недела.

На Конгресот на СДСМ присуствуваа и поранешниот лидер и премиер и шеф на државата Бранко Црвенковски, како и претставници од албанските партии од коалицијата-Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити од ДУИ, лидерот на БЕСА, Билал Касами, како и претставници од вонпарламентарните партии Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, и гости од сестринските партии од регионот и ЕУ.

Во меѓувреме, по завршувањето на Конгресот, од ДУИ стигна информација во однос на министерските кандидати.

Половина час пред полноќ ДУИ ги објави имињата на предлог министрите од нивната партија кои би биле дел од новата влада. 

Партијата на Али Ахмети ги предлага Хазби Лика за вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билен Салиу да води со ресорот правда, Садула Дураку за министер за екологија, Куштрим Бектеши за местото министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

Новиот владин состав уште неекипиран

Пред реизбраниот лидер и мандатар сега се наоѓа предизвикот да ја состави идната македонска влада.

Доколку Владата се екипира, Заев предлогот ќе го достави уште денес до Собрание, брифираат партиски извори од СДСМ за дел од медиумите.

Беса до 14 часот треба да се изјасни и да донесе одлука.

„Сè уште не е готово со имињата. Ако донесеме денеска одлуки, тогаш ќе ги доставиме уште денеска, ако не, ќе остане за понеделник. И со Беса ќе знаеме до 14 часот“, велат од СДСМ за сакамдакажам.

Доколку и БЕСА одлучи да биде дел од Владата на Заев тоа значи дека СДСМ ќе има стабилна влада.

Но, имајќи предвид дека мандатарот не се откажува лесно, новата влада и предизвикот се извесни.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?